петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со години ветуваат нов театар, но државата го заборави: Прилепскиот театар во катастрофална состојба, вода, мувла и стаорци (ВИДЕО)

Со години ветуваат нов театар, но државата го заборави: Прилепскиот театар во катастрофална состојба, вода, мувла и стаорци (ВИДЕО)

Глувци шетаат на сите страни, умираат скриени по кошињата, кога врне често пати тече вода во голем дел од просториите, последен пат пред 4 дена. А водата доаѓа во допир и со електричната инсталација. Таваните се урнати, ѕидовите испукани, прашина, нем и мувла на сите страни. Ова се катастрофалните услови во кои работат актерите во прилепскиот театар, кој што е изграден пред повеќе од 60 годин, објавува Сител.

„Повеќе од 50% од ансамблот кој работиме тука имаме сериозни здравствени проблеми. Кој што се резултат на промаите, прашините, мувлата. Ова е како да ви кажам извор на зараза. На се личи освен на театар и театарска зграда“, истакна Даниела Иваноска, актерка во прилепскиот театар.

„Најголемиот проблем исто е на сцената. Дува од сите страни, покривот горе е реновиран, покриен со некој лим, но денески кога ќе погледнете нагоре покривот личи на едно големо решето“, рече Александар Тодески, актер во прилепскиот театар.

Во просторијата каде ги вежбаат текстовите се топлат на пампур направен од метално буре. Дел од инвентарот е стар скоро едeн век. Актерите велат дека жално е тоа што државата е нем сведок на оваа ситуација со децении.

„И секоја година од целата држава доаѓаат министри, пратеници, разни работници во културата доаѓаат овде и незнам зошто досега и ним не им засметало кога влегуваат во оваа зграда“, вели Наташа Ачански, актерка во прилепскиот театар.

До кабината за светло и тон се влегува преку тоалетот.

– За да стигнете во кабината која се наоѓа позади мене и каде се регулира тонот и светлото мора да поминете по овие импровизирани и крајно небезбедни скали и да ја погледнете ова сцена која наликува како на сцена од некој хорор филм. А додека пак за прашината смрдеата и промајата која се чувствува од сите страни тоа не можеме да го доловиме со слика.

Од 2004 година театарот во Прилеп не ни постои како институција тој е само дел од Центарот за култура.

„Не не почитуваат како театар, најмногу од Министерството и не добиваме ист третман како и останатите театрии“, кажа Димитар Црцороски, актер во прилепскиот театар.

За 10 години прилепскиот театар има освоено 5 греми награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и уште многу на меѓународна сцена. Се смета за еден од најдобрите на Македонија. Конечно редно е државата да ги подобри условите во оваа зграда се до изградбата на нов тетар кој исто така се ветува со години.

Најнови вести