По кривичната пријава од Министерството за труд и социјална политика за неуплаќање на средства во вториот пензиски фонд, Обвинителството ја повика министерката Царовска в петок да даде исказ, објави Канал 5.
Засега, само министерката е повикана да даде појаснување, бидејќи како министер треба да и се познати сите службени лица кои постапувале за пријавениот настан од нејзина страна, а во кој се пријавуваат НН лица, велат од обвинителството за Канал 5. Од таму појаснуваат дека се уште се прибира целата релевантна документација, и во зависност од исказот на Царовска, ќе произлезе со кои истражни дејствија ќе продолжи обвинителството.
Според изјавата на Царовска дадена минатата недела, деветнаесет милиони евра за пензиско осигурување во изминатите десет години не биле уплаќани во вториот пензински фонд на 12 илјади осигуреници.