вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојловски од ДУИ не знае албански, но ќе гласа Македонците во Пехчево да зборуваат албански (ВИДЕО)

Манојловски од ДУИ не знае албански, но ќе гласа Македонците во Пехчево да зборуваат албански (ВИДЕО)

Пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски, при вчерашното гостување во емисијата „Во центар“ кај Васко Ефтов тврдеше дека е чистокрвен Албанец, меѓутоа по кратка анализа за неговиот живот од страна на Ефтов веднаш се констатираше дека тој е роден во Македонија, додека неговите деца носат македонски имиња.

Бидејќи Манојловски упорно тврдеше дека е Албанец, Ефтов побара да напише една реченица на албански јазик.

Напишите на албански јазик ако можете „Јас во моментот снимам интервју во продукцијата на Васко Ефтов, рече Ефтов.

Манојловски веднаш одговори:

Мојот јазик е глувонем. Ние сме го научиле само од уширече Манојловски.

По констатацијата дека тој не знае да пишува, Ефтов го замоли да прочита еден извадок од албански весник. На тоа Манојловски повторно одговори дека не знае ниту да чита на албански јазик.

Иако Манојловски не знае да пишува и чита на албански јазик , тој истакна дека гласал  да се усвои Законот за јазиците во Македонија. Со овој закон Македонија ке стане двојазична држава каде што покрај македонскиот, населението треба да зборува и пишува на албански јазик.

Манојловски се чувствува како Албанец, а не знае да пишува и чита на албански јазик а очекува некој албанец од Пехчево да зборува и пишува на тој јазик. Тоа е историски цинизам, констатираше Ефтов.

Ефтов отвори уште една дилема. Пратеникот на ДУИ во евиденциите има различни презимиња. Ефтов побара од Манојловски да му достави лична карта и со тоа констатираше дека презимето кое стои на лична карта и на книгата издадена од него е  различно.

-Вие сте двојна личност. Вие не знаете кој сте и што сте. Ова е ваша книга, ова е ваша лична карта. На личната карта – Бранко Маноиловски а на книгата – Бранко Манојловски, истакна Ефтов.

Најнови вести