Денеска Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со претставници на тела кои ги третираат правата на жените од коалицијата „За подобра Македонија“.
-Средбата се оствари со цел унапредување на правата на жените, поддршка и развој на следни проекти и активности, како и во насока на јакнење на соработката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, информираат од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.