Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека одлуката на менаџментот на Телма телевизија да не му го продолжи договорот на новинарот Ивор Мицковски, само во континуитет ги отсликува обидите за цензура кои се спроведуваат во оваа редакција.
-Да потсетиме дека во октомври 2018-та година, менаџментот на телевизијата им забрани на новинарите да ги користат своите лични профили на социјалните мрежи за искажување сопствени лични ставови, што наиде на остра реакција од сите други здруженија, кои во случајот на новинарот Ивор Мицковски – се уште молчат. Да потсетиме и на случајот со цензурирање на делови од емисијата Код на главната уредничка Снежана Лупевска Созен – и забрана да се емитува целосно од март 2018 година. Ако беше во прашање деловната политика на Телма, или евентуално неизвршување на работните обврски од Ивор Мицковски, сигурни сме дека телевизијата на друг начин ќе ја соопштеше одлуката да не му го продолжи договорот (како што многупати го правела тоа во минатото и за други лица), се наведува во соопштението на МАН.
Од МАН порачуваат: Ивор Мицковски има право на свое мислење исто колку што има и директорот на телевизијата Атанас Кировски кој ги користи личните профили на социјалните мрежи за искажување политички ставови.