понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Зошто жените се согласуваат да бидат љубовници?

Зошто жените се согласуваат да бидат љубовници?

Љубовниците се мета на осуди, растурачки на бракови и врски, жени со низок морал, барем општеството има таква претстава за нив. Нивниот таен двоен живот често е сѐ само не среќен, а незаслужено на нив се префрла целата вина која би требало да биде насочена на прељубникот.

Најчесто тие се тие кои се измамени – на почетокот на односот многу од нив и не знаат дека мажот не е слободен, а дополнително им се продаваат приказни за несреќен брак, хистерична жена по дома, недостаток на секс во бракот, дека во брак се само поради децата, дека се во фаза на разведување…

Признанијата на таквите жени и оправдувањата кои самите себеси си ги даваат за тој однос ги донесува мобилната апликација Виспер.

• Јас сум другата жена. Чувствувам огромна грижа на совест, но зависна сум од вниманието што ми го посветува. Живеам за моментите кои ќе ги поминеме заедно и не можам да си помогнам иако во момент на рационалност ми е јасно дека мојот живот е тој кој всушност е на чекање.

• Љубовница сум и знам дека меѓу нас никогаш нема да успее. Дури и да ја остави жената. Иако сите ми викаат дека нема да биде така, не знам како би можела да му верувам дека и мене нема да ми го направи истото.

• Сакам да мислам дека сум феминистка, борец за рамноправност на половите, Не ми кажа дека има жена додека не се вљубив, а неговите оправдувања и причини секогаш звучат уверливо додека сум со него. Изгледа не заслужувам подобро – одам против сите мои ставови и логики.

• Јас сум љубовница. Одвратно е да се каже, ама некако ја сакам моќта што ја имам, сознанието дека попрво би бил со мене отколку со жената што ја има дома. Многу беден и лажен начин за подигање на самодовербата.

• Љубовница сум му на постар маж и се чувствувам грозно поради тоа. Сите ги лажам и не можам да се присилам да го пуштам, па сама себе си се оправдувам дека ќе излезам од тоа штом ќе направи нешто грозно или штом ќе престанам толку многу да го сакам.

• Љубовница сум му на мојот најдобар другар. Мразам што не може да дојде да спие кај мене или да ми се јави на телефон. Јас трчам штом ќе ми се јави.

• Велам дека немам проблем со тоа што сум другата. Всушност, толку сум очајна за да бидам сакана што се задоволувам со трошки. Мислам дека никој нормален не би сакал некому да му биде љубовник или љубовница.

• Неговата жена не го заслужува ова и тоа го знам. Но, се тешам со фактот дека да не сум јас, ќе се најдеше некоја друга за да го пополни местото.

• Ги видов во град како шетаат и како се држат за рака. Мене ми вика дека бракот му е катастрофа и дека немале секс преку шест месеци. Во животов не сум почувствувала поголема болка.

• Тажно е тоа дека сега како љубовница добивам многу повеќе внимание и љубов отколку кога и да било кога сум била во нормална врска. Грозна е помислата дека мажите повеќе ги ценат љубовниците, но ете мене ми се покажа тоа како вистина.