четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Се надеваме дека овој состав на Антикорупциска ќе ја почне борбата со секојдневните скандали со сомнителни тендери на власта

Мицевски: Се надеваме дека овој состав на Антикорупциска ќе ја почне борбата со секојдневните скандали со сомнителни тендери на власта

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ беше конструктивно и доказ за тоа беше двотретинското мнозинство за законот за антикорупциска, ВМРО-ДПМНЕ учествуваше конструктивно и во собраниската комисија, но сега заради непрофесионалниот избор на Антикорупциска комисија ќе гласаат воздржано.

Се надевам дека во практичната работа на Комисијата ќе ги побијат сите наши сомнежи и тие ќе бидат првите што ќе ја почнат борбата за секојдневните скандали со сомнителни тендери и зголемена корупција во Република Македонија. Посебно прикажано во последните извештаи со степенот на корупција и местото на кое што се наоѓа Република Македонија, појасни Мицевски. Мицевски рече дека будно ќе ја следат работата на новиот состав на Антикорупциската комисија и сите нејзини работи ќе бидат поздравени од нас. А, сите негативни работи и недоследности ќе бидат нотирани, коментирани и споделени со јавноста.

Најнови вести