Постојат многу доблести и карактеристики кои влијаат на нашиот успех, но експертите велат дека една од нив е клучна.
Дали некој некогаш ве опишал како совесна личност и ви рекол дека сте совесен и одговорен работник? Ако одговорот на ова прашање е ДА, тогаш за вас имаме добри вести. Токму совесноста е карактеристика која гарантира долгорочен успех во сите животни полиња.
Успешните и стабилни луѓе ги красат многу позитивни карактеристики, но најважната е совесноста и одговорноста. Совесните луѓе се внимателни кога прават нешто, тие се грижливи, педантни и сакаат се да направат како што треба. Совесните луѓе се луѓе кои се организирани, самодисциплинирани, промислени и желни се за успех. Тие никогаш не доцнат, фокусирани се на извршување на своите задачи и обврски и секогаш се подготвени да им помогнат на колегите.
Голем број истражувања во последно време покажале дека учесниците во истражувањата кои биле совесни, имале подобри работни позиции и поголеми приходи. Истовремено имале и подобри резултати во образовниот процес и постабилни љубовни врски.
Освен успех, совесните луѓе можат да се пофалат и со подобро здравје. Најчесто не пушат и не пијат, па заради тоа и подолго живеат и се поздрави.
Брент Робертс, психолог од Универзитетот во Илиноис вели дека совесноста е како миење заби, уште од почеток го спречува појавувањето на проблемот. Луѓето со оваа карактеристика секогаш имаат план. Дури и кога ќе се соочат со неуспех, тие веќе знаат како да се носат со тоа.