среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Имала тежок живот: Ја силувале на 9 години, родила бебе на 14, а денес е на врвот на светот

Имала тежок живот: Ја силувале на 9 години, родила бебе на 14, а денес е на врвот на светот

Тешкото детство и животните трагедии се историја на некои од најголемите ѕвезди, кои со работа и среќна околност денеска постигнале голем успех.

Опра Винфри е родена во сиромашниот рурален дел на Мисисипи, за млади мајки, а подоцна е израсната во град од внатрешноста во близина на Милвоки. Нејзиниот живот не бил идеален каков што е сега, особено не детството. Била силувана уште на 9 години, а на 14 години забременува. Следува уште една трагедија откако нејзиното бебе починува. Веднаш потоа е испратена да живее со нејзиниот татко, бербер, во Тенеси каде уште дури е во средно училиште, на 19 години, прифаќа работа во радио и започнува како ко-водител на локалните вести.

Со нејзината емоционална зрелост за кратко време добива преноси на арената на дневните контакт емисии, по добивање на трето место на локално ниво таа добива и прво место во Чикаго, покренува сопствено производство и создава фирма позната и во странство и така нејзината кариера започнува да оди во нагорна линија.

Винфри денес поседува огромно богатство и живее на „Ветена земја“, нејзиниот имот од 42 акри со поглед на океан и планините во Монтесито, Калифорнија. Живее заедно со нејзиниот сопруг Стедман Грахам, со кој е во врска уште од 1986 година, но немаат деца.

Најнови вести