среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реакција на АД ЕЛЕМ: Виктор Стојчевски е примен на оглас и ги исполнува сите критериуми

Реакција на АД ЕЛЕМ: Виктор Стојчевски е примен на оглас и ги исполнува сите критериуми

Откако опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска објави дека синот на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска од денеска е вработен во државната компанија АД ЕЛЕМ, и побара од компанијата да ги објават условите под кои тој е примен, од АД ЕЛЕМ објавија соопштение во кое потврдуваат дека Стојчевски е примен во редовен рботен однос.

-АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби, се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ.

Најнови вести