вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Поскапува такси превозот во Гевгелија

Поскапува такси превозот во Гевгелија

Советот на општина Гевгелија го прифати барањето од Здружението на такси превозниците од општинава за поскапување на такси превозот почнувајќи од 1 март.

Како главна причина во барањето такси превозниците ја истакнаа високата цена на нафтата која континуирано поскапува и зголемените трошоци во работењето предизвикани од неа.

Според одлуката, цената за старт на возењето како и досега останува непроменета, 50 денари, но наместо од два километри таксиметрите ќе почнат да отчукуваат по изминат 1,5 километар.

Минута чекање ќе се наплатува по четири денари, а единствено непроменета останува цената од 23 денари за изминат километар.

Во периодот до први март такси превозниците имаат обврска да ги баждарат таксиметрите и да ги прилагодат за работа според новиот тарифник.

Сообраќајните инспектори во соработка со сообраќајната полиција и претставници од Управата за јавни приходи ќе спроведат акциски контроли за исправноста на таксиметрите и спроведување на одлуката.