вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та

Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та

Вкупно 107 дојави за прекршување на детските права се регистрирани на СОС телефонот за деца и млади во текот на 2018 година. Најкарактеристични податоци што биле регистрирани во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се 30 дојави за сиромаштија, 13 за семејно, физичко и психолошко насилство и негрижа врз дете, девет деца биле потенцијални жртви на прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и пет кои биле жртви на меѓуврсничко насилство.

Ова беше истакнато на денешната презентација за годишниот извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Претседателот и основач на „Меѓаши“, за проблемот на сиромаштијатa, посочи дека овие деца од рана возраст треба да се вклучат во градинка, да добијат бенефиции од страна на државата, да стекнат други животни навики, да не бидат дискриминирани по социјалниот статус, да им се обезбедат топли обувки, облека, храна и на тој начин, како што вели, ќе имаме помалку едно дете на улица.

Координатор на СОС телефонот за деца и млади и психолог, Јана Зенговска рече дека заедничкото пренесување на информации и знаењето на надлежност на институциитe доведуваат до заштита на децата на кои им треба помош во даден момент.

СОС телефонот за деца и млади функционира 26 години и досега се регистрирани вкупно 20.742 повици. Овој телефонот претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства.

Најнови вести