вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР со луксузна набавка- фотелја од телешка кожа и за Оливер Спасовски

МВР со луксузна набавка- фотелја од телешка кожа и за Оливер Спасовски

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси, закачалки, но и фотелји од телешка кожа, е само дел од предметот на јавната набавка во МВР, објави порталот Макфакс.

Според спецификациите објавени на веб-страницата за јавни набавки, МВР нарачува 50 работни фотелји чија „завршна прекривка треба да биде од природна телешка кожа, а столот треба да има фиксни метално-хромирани рачки, кои во горниот дел ќе бидат тапацирани со природна телешка кожа“. Освен овие работни столови, МВР склучило договор за набавка на уште 250 работни стола, но обложени со полиестер, како и за уште 100 канцелариски стола. Вкупно, само за столови, МВР плаќа околу 35 илјади евра.

Најмногу пари, односно над 83 илјади евра, Министерството за внатрешни работи дава за метални ормани, фиокари, гардеробери, метални шкафови за чување огнено оружје итн.

За бироа и клупски маси Министерството склучило договор од речиси 30 илјади евра, а за закачалки за облека и чадори околу 2,3 илјади евра.

Најнови вести