среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатиот млад актер пронајден мртов, го осудија за детска порнографија

Познатиот млад актер пронајден мртов, го осудија за детска порнографија

Актерот Марк Салинг извршил самоубиство, јавуваат американските медиуми.

Марк кој е познат по улогата во серијата „Гли“ си го одзеде животот откако полицијата кај него пронајден над 50.000 фотографии од деца на возраст меѓу три и пет години, по што беше обвинет за детска порнографија.

Актерот се договори со судот и ја призна вината по што беше осуден на казна меѓу четири и седум години, а потоа требаше да излезе на условно.

Наредните 20 години требаше да биде под надзор на полицијата, впишан во регистерот на сексуални престапници.

Со отслужување на затворската казна требаше да започне во март, а до тогаш беше на слобода поради платена кауција.

Според неофицијалните информации, Марк и претходно се обидувал да се убие.

Најнови вести