Музичарот кој воедно и го управуваше возилото во кое загина Шабан Шаулиќ починал во болница во Германија, пренесе менаџерот на Шаулиќ.
Тој вели дека му се јавиле од германската болница и му соопштиле дека повредениот Мирсад Кериќ им подлегнал на повредите, но сепак синот на музичарот тврди дека неговиот татко е жив и ја демантираше веста.
-Како што дознавте преку медиумите, мојот татко Мирсад Кериќ имаше тешка сообраќајна несреќа. Мојот татко не умре, он е на интензивна нега и се бори за својот живот. Јас и мојата фамилија ги замолуваме сите медиуми да престанат да пренесуваат лажни информации дека мојот татко умрел, татко ми се уште е на апарати. Ве молам да се молите за мојот татко, фала, напиша Денис, синот на Мирсад.