Сагата продолжува откако претходно објавивме дека медиумите на албански јазик пишуваа дека братучед на вице-премиерот задолжен за охридскиот Договор, Хазби Лика, го избркал од кафуле во Тетово Стојанче Ангелов.
Според очевидци во едно од кафулињата во Тетово, седеше поранешниот лидер на бранителите Стојанче Ангелов, и кога братучедот на Хазби Лика го видел го избркал Стојанче кафетеријата!
Порталите на албански јазик пишуваат дека пред да ја објават веста, контактирале со човекот кој го избркал Ангелов и дека истиот ја потврдил нивната информација.
Но, се уште не се знае и не се кажува вистинската причина за оваа случка.
По ова Ангелов на својот Фејсбук профил објави дека станува збор за лажна вест:
-Освен келнерот од кого порачавме кафе и кон ни донесе кафе, никој друг ниту ми пријде ниту ми проговори. Сведоци се келнерот, двајцата мои пријатели кои беа со мене од кои едниот е Албанец и уште неколку лица кои беа внатре во локалот. Доста ширите омраза, треба да живееме заедно во мир. Поздрав до сите вас, напиша тој.
А веднаш потоа следуваше коментар од Лика во кој го директно му порача:
-Овој пат се спаси, те очекувам да доаѓаш пак и ќе видиме како лажам тогаш.
По ова уште еднаш Стојанче го запраша Лика дали тој го избркал од локалот, а тој му рече дека Да, тој го избркал од локалот.