вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Заводникот беше во врска со сите овие најпосакувани славни жени, но срцето му го скрши таа што најмногу ја сакаше (ГАЛЕРИЈА)

Пред венчавката со неа имаше репутација на човек кој често ги менува жените. Се забавуваше со голем број на убавици, а неговите авантури го доведоа до тоа да има скршено срце.
Заводникот беше во врска со сите овие најпосакувани славни жени, но срцето му го скрши таа што најмногу ја сакаше (ГАЛЕРИЈА)

Тој е светска музичка ѕвезда и денес полни 37 години. Во брак е со позната актерка.

Пред венчавката со неа имаше репутација на човек кој често ги менува жените. Се забавуваше со голем број на убавици, а неговите авантури го доведоа до тоа да има скршено срце.

Познатата бунтовничка го скрши овој заводник.

Џастин Тимберлејк има освоено шест Греми награди, награда Еми, а кариерата ја започна во група. Пред да ви ја претставиме жената поради која стана маж кој изневерува, ви ги претставуваме неговите славни девојки. Сите од нив се меѓу најпосакуваните жени на светот.

Тој беше во врска со Ферги. Се забавуваа во 1996-та година. Со неа имаше врска пред да му се случи онаа кобна љубов.

Со Алиша Киз се сакаа во 2002-ра година. По неа влезе во врска со низа славни пејачки.

Беше во врска и со Џена Дуван истата година.

Во 2002-ра година беше многу расположен за љубов. Тогаш ја освои и Алиша Милано. Не престануваше со една, пред да започне друга врска. Изневеруваше често овој период.

Потоа следуваше една долга и сериозна врска. Од 2003-та до 2006-та година беше во врска со актерката Камерон Дијаз. Се зборуваше дека тие ќе се венчаат, но Џастин влезе во брак дури шест години подоцна. И тоа не се неа.

Малку беше сам, а потоа се забавуваше со актерката Скарлет Јохансон.

 

Ниту славната Ријана не одолеа на неговиот шарм, па му беше девојка во 2009-та година.

Беше во врска и со Линдзи Лохан, Оливија Мун, Оливија Вајлд.

Напозната е неговата врска со Бритни Спирс.

Му требаше доста време за да ја заборави. Седум години откако ставија крај на љубовта, Џастин ја објави песната „Cry me a river“ во која се зборува за момче изневерено од  својата девојка.

Дел од песната вели: „Не мораш да ми кажеш поради што го направи тоа, јас веќе знам. Дознав за него“. Сите ја разбраа пораката од неговата песна и многумина истата ја нарекоа конечна освета.

 

Сега е среќно оженет со Џесика Бил. Во 2012-та година, тајно се венчаа во Италија.

Најнови вести