недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тошевски тврди дека повисоките цени за јавен превоз во Битола ќе донесе сообраќаен хаос и зголемување на загадувањето

Тошевски тврди дека повисоките цени за јавен превоз во Битола ќе донесе сообраќаен хаос и зголемување на загадувањето

Од Долно Оризари доега 25 денари сега 35 денари, за Лопатица досега 50 сега 90 денари. Кукуречани беше 30 денари сега со покачувањето е 45 денари. Со овој начин дополнително локалната самоуправа ќе остави простор за работа за дивите превозници, а од друга страна со покачувањето на цените ќе ги стимулира граѓаните да користат сопствени возила, со што директно ќе влијае на сообраќајниот хаос во градот и загадувањето кое е реалност и во летните месеци, обвини Иванчо Тошевски на денешната седница на Советот на Општина Битола.

Според него, после повисоките сметки на јавните претпријатија кои ги добија граѓаните, во периодот кој следи ќе добијат и повисоки цени за услугите на јавниот превоз. Со моделот кој го нуди Петровска планира да ги субвенционира приватните превозници со 5 милиони денари, или со 7 денари од секој изминат километар, а од друга стана со овој нов модел се планира граѓаните да плаќаат и повисоки цени на услугите за превоз.

Тошевски тврди дека со ваквиот начин локалната самоуправа дополнително ќе остави простор за работа на дивите превозници , а од друга страна дополнително ќе ги стимулира граѓаните да користат сопствен превоз што директно ќе влијае на зголемувањето на сообраќајниот хаос во градот и загадувањето кое е реалност дури и во летните месеци.