петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познато е кој ќе го наследи богатството на Лагерфелд: Шокантно е кој ќе добие најмногу пари

Познато е кој ќе го наследи богатството на Лагерфелд: Шокантно е кој ќе добие најмногу пари

Меѓу наследниците на познатиот моден креатор Карл Лагерфелд се споменуваат неговата мачка и 11-годишното кумче, кои би добиле дел од 200 милиони долари, колку што е проценето неговото богатство.

Легендарниот моден креатор Карл Лагерфелд, кој почина на 85-годишна возраст ќе биде кремиран, а неговата пепел ќе биде помешана со починатиот партнер Жак де Башер.

Партнерот на Лагерфелд во 1989 година почина од СИДА и му беше партнер на креаторот цели 18 години, иако во исто време бил во врска со дизајнерот Ив Сен Лорен.

Лагерфелд сакал неговата пепeл да биде измешана со онаа на мајка му Елизабет или на мачката Шупет, доколку угине пред него.

Но, мачката за која се грижеле две слугинки и возач, е жива и е еден од наследниците на богатството на уметничкиот дизајнер на Шанел.

Освен мачката, дел од богатството ќе му припадне и на неговото 11-годишно кумче, Хадсон Крениг, син на моделот Бред Крениг, кој му бил муза и близок пријател на Лагерфелд.

Хадсон од својата втора година учествувал во кампањите на Шанел .

Најнови вести