Директорот на истражниот затвор Шутка не поднесе оставка иако ја најави. Ѓоко Котевски вети дека денеска ќе го напушти директорското место, во исто време ќе го објави извештајот и за инцидентот во кој беа нападнати поранешните министри Јанакиески и Ристовски.
Истрагата покажала пропусти во обезбедувањето на затворот па од морални причини најави оставка од функцијата, но тој до завршување на работното време денеска нема поднесено оставка.