четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Политичкиот прогон во Македонија се случува за да се дефокусира јавноста од реалните проблеми на граѓаните со кои СДСМ не се справува

Нелоски: Политичкиот прогон во Македонија се случува за да се дефокусира јавноста од реалните проблеми на граѓаните со кои СДСМ не се справува

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во своето гостување во дебатната емисија ,,И што сега’’ на МРТ истакна дека политичкиот прогон во Македонија и служи на власта единствено за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми на граѓаните кои власта не ги решава. Според него токму ваков пример е неуспешното одземање на мандатот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски. Нелоски изрази вчудоневидување од тоа како СДСМ и по две години владеење се уште ја обвинува опозицијата за сите проблеми во државата.

-Најпрво јас се чудам како може после две години владеење на СДСМ, уште да зборуваме дека ВМРО-ДПМНЕ е криво за сите процеси кои за жал ги заташкува и на еден начин каска СДСМ. Можеби и за ланскиот снег ВМРО-ДПМНЕ е криво. Јас ја гледав снимката на самата седница, на самата седница беше евидентна нервозата и брзањето на СДСМ иако Комисијата не донесе конкретен став по кој што треба на пленарна седница да се произнесат пратениците. Значи гласањето беше 4:4. Имаше брзање и нервоза со цел да се направи уште еден лош обид да се заташкаат реалните проблеми на граѓаните на Република Македонија, односно повеќе да се збори за политичките, пак ќе ги нарачам прогонувани лица од страна на власта отколку за проблемите кои ги тиштат граѓаните, вели тој.

Најнови вести