четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски до Ацевски: Лаже ли Аљими кога говори дека СДСМ со црни возила им се заканува на судиите?

Нелоски до Ацевски: Лаже ли Аљими кога говори дека СДСМ со црни возила им се заканува на судиите?

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски говорејќи за беззаконието во државата во дебатната емисија ,,И што сега’’ на МРТ му порача на својот соговорник пратеникот на СДСМ, Костадин Ацевски дека не само опозицијата туку и владеачката ДУИ нема доверба во судството, притоа напоменувајќи ја изјавата на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими кој го обвини СДСМ за закани упатени кон судиите.

-Вие ми говорите зошто ја се сомневам во судството, а вчера на една од телевизиите во Република Македонија, вашиот коалиционен партнер од ДУИ координаторот на пратеничката група го изјавува следното. Да јас се појавувам на суд и ќе се појавувам редовно се додека не се расчисти овој случај, но вие алудирајќи на СДСМ одите со црни возила и им се заканувате на судиите за жал. Дали сакате да кажете дека и вашиот коалиционен партнер и воедно координатор на пратеничката група лаже? Бидејќи очигледно е дека недоверба во самото судство нема само ВМРО-ДПМНЕ има и коалициониот партнер кој што седи со вас. Со кој што заедно ја водите оваа држава. Значи сите лажат, лаже ВМРО-ДПМНЕ, лаже координаторот на пратеничката група на ДУИ само Зоран Заев не лаже. Па зарем вие ќе ми кажете дека претепувањето на политичките неистомисленици во затворите не е прогонување, истакна Нелоски.

Најнови вести