четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Диносаурус пристигна во скопската зоолошка градина (ФОТО)

Диносаурус пристигна во скопската зоолошка градина (ФОТО)

Пристигна првиот од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски, кои се изработени од рециклиран отпад, железо, информираат од скопската зоолошка градина.

-Андреј се приклучи во кампањата “Креирај и донирај”, а неговите уметнички дела посетителите ќе може да ги видат до јуни. Голема благодарност до господинот Миневски и до ЈП Водовод и канализација Скопје кои ги пренесуваат диносаурусите и несебично секогаш помагаат на Зоо Скопје, информираа тие.