четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Турскиот заводник се венчаше лани на 8 март, а сега се разведува

Турскиот заводник се венчаше лани на 8 март, а сега се разведува

Во турските медиуми неколку пати излегуваше веста дека актерот Озџан Дениз се разведува од својата сопруга Фејза Дениз. Досега се чинеше дека сето тоа е измислено од жолтиот печат, но сега медиумите тврдат дека разводот сепак е покренат.

Според зборовите на турскиот новинар Билал Озџан, Дениз веќе покренал бракоразводна парница. Тоа значи дека парот кој се венчаше минатиот осми март, после неполна година брак, решил да се разведе.

Причината за разводот се уште не е позната, но бидејќи Дениз се венчаше со Фејза кога таа беше во седмиот месец од бремноста, се сомнева дека парот го склопил бракот само поради детето.

Најнови вести