среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пино го нема 83 дена: Неговата мајка се огласи на денешниот протест и ги повика институциите да го најдат детето (ВИДЕО)

Пино го нема 83 дена: Неговата мајка се огласи на денешниот протест и ги повика институциите да го најдат детето (ВИДЕО)

83 дена нема ни трага ниту глас од 26 годишниот Пино Секондо. Мајката заедно со роднини и пријатели повторно излегоа на протест пред Собранието и ги повикаа институциите да го најдат нивното дете.

До сега од МВР не добиле никакви информации за Пино.

-Денес е точно 83 како го нема Пино, на такви технологии нашите институции да не можат или не сакаат или немаат техника, изјави Маја Трпковска, мајка на Пино.

Иако претходно не се познавале судбината со исчезнувањето на нивните деца ги спои смејствата на Пино и Арбен Аслан. Неговиот татко Бекир побара од полицијата повеќе да се ангажира и да ги најдат не само овие две момчиња, туку и сите исчезнати.

-МВР да си формира кризен штаб и да бидат поажурни, изјави Бекир Аслан, татко на Арбен Аслан.

Загрижените родители најавија нови протести и побараа средба со министерот Спасовски. Пино го нема од 10 декември, а Арбен Асалан исчезна на кон крајот на јануари.

Според официјалната статистика на МВР во моментот 132 лица се водат за исчезнати, а на официјалниот сајт податоци и фотографии има за 64 од нив.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение:

Најнови вести