Скопскиот кеј на реката Вардар кој го користат илјадници скопјани за спорт и рекреација е во катастрофална состојба.
Ѓубре насекаде, руинирана урбана опрема, прегорени светилки и апсолутна негрижа, го комплетираат хаосот кој владее тука.
Со затоплувањето на времето и зголемувањето на бројот на рекреативци, но и на професионални спортисти кои спортуваат тука, ваквиот однос на влатите кон ова место е апсолутно недопустлив.