Корисниците од улиците „Дане Крапчев“, „Радњанска“, „Благоја Давков“, „Славка Недиќ“ и „Дебарца“ во општина Центар, утре ќе останат без вода, информираат од РЦУК.
Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека заради замена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник 80 мм на крстосницата од улиците „Дане Крапчев“ и „Радњанска“, на ден 06.03.2019 год. (среда), без водоснабдување ќе останат корисниците од истите улици и улиците „Благоја Давков“, „Славка Недиќ“ и „Дебарца“ (општина Центар), се наведува во соопштението.