Во Клиниката за Стоматологија има околу 500 вработени, кои како што дознаваме веќе 7-ми ден тие немаат здравствено осигурување. Вработените најмногу се грижат што немаат здравствено осигурување во сезона на грип.
Спречени се да користат здравствени услуги, рецепти и упати, а подложени се постојано на инфективен материјал.
Наводно, проблемот бил поради грешка во системот на УЈП и не можат да ја воочат грешката од таму.