среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Република“ го доби спорот со Обвинителството

„Република“ го доби спорот со Обвинителството

Владата врши притисок врз медиумите со чија уредувачка политика не се согласува, притоа користејќи го Јавното обвинителство, пишува „Република“

Неделникот го доби спорот со Обвинителството откако беше поднесена кривичната постапка против „Република“ од страна на Јавното обвинителство.

-Судот, без никакво известување и покана до обвинетиот, без ниту едно одржано судско рочиште, изрече уште една парична казна за истото дело. И не само тоа. Изрече и казна затвор за одговорното лице, односно директорот на медиумот, кој истовремено е и сопственик, во траење од 3 месеци, условно до една година да не стори ново кривично дело, затоа што во средството за јавно информирање биле објавени личности од јавниот живот со цело име и презиме и информација за нивниот работен ангажман. Да бидеме јасни. Посочените во текстот не ја негираат содржината на истата, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Се суди за објавување на нивните лични имиња, пишува „Република“.

Целото образложение со документација, погледнете го на РЕПУБЛИКА

 

Најнови вести