вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Имате грд ракопис: Дознајте што зборува тоа за вас

Имате грд ракопис: Дознајте што зборува тоа за вас

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од работите денес се завршуваат електронски и сè помалку земаме пенкало во рака, не е за чудење што се повеќе луѓе имаат грд и нејасен ракопис.

Тоа понекогаш може да нè доведе во непријатни ситуации, кога луѓето не можат да прочитаат што сме напишале или дури погрешно да напишеме одредени букви.

Сепак, графолозите и психолозите на грдиот ракопис му придаваат внимание и врз основа на тоа откриваат повеќе за личноста која така пишува. Според нив, таквите луѓе не мора ни да пишуваат.

Мислат со своја глава

Грдиот ракопис открива индивидуалци кои мислат со своја глава и тешко усвојуваат туѓи мислења, пишува „Ридерс дајџест“.

Американската студија на Здружението на психолози открива дека таквите не се вклопуваат во општествените очекува и норми и дека тоа го покажуваат токму и со пишувањето.

Креативци

Луѓето кои грдо пишуваат обично се покреативни и таквиот ракопис може да биде знак дека имате помалку ексцентрична личност.

Интелигентни

Во неуредното пишува тие наоѓаат и знак на висока интелигенција. Тоа се објаснува со тоа што пенкалото не може да ја следи брзината на мозокот.