вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собранието треба да расправа за интерпелација на министерот Спасовски

Собранието треба да расправа за интерпелација на министерот Спасовски

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 86. и на 90. седница.

Единствена преостаната точка на 86. седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратеницитеопозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На 90. седница, пак, треба да се расправа за  Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка, исто така, единствена точка на дневниот ред.

Со новиот закон се подобрува законската регулатива и се врши нејзино усогласување со  правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација. Со неговата примена се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација.

Со Предлог законот  се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во комиисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и actio popularis. Исто така, се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Најнови вести