вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Свршеничката на славниот Дилан собрала сили и се огласи по неговата смрт

Свршеничката на славниот Дилан собрала сили и се огласи по неговата смрт

“Последните 11 и пол години со Лук беа најсреќните години од мојот живот и благодарна сум што тоа време го минав со него”, рекла Бауер.

Венди Медисон Бауер се огласила 6 дена по смртта на нејзиниот свршеник, славниот актер Лук Пери.

Венди и Лук биле во врска 12 години, но многу ретко се појавувале заедно во јавност, бидејќи Лук сакал приватниот живот да го чува за себе.

-Сакам да изразам благодарност до сите на изливите на љубов и поддршка. Безбројните, трогателни приказни за великодушноста на Лук беа голем извор на утеха во ова тешко време, рекла Венди за “People”.

“Последните 11 и пол години со Лук беа најсреќните години во мојот живот и благодарна сум што тоа време го минав со него. Исто така, сакам да се заблагодарам на неговите деца, семејството и пријателите на нивната љубов и поддршка. Пронајдовме утеха едни во други и во знаењето дека нашите животи беа допрени од неверојатен човек. Многу ќе недостасува”, рекла љубовта на Лук.

Пред Венди, Лук бил во брак со Рејчел Мини Шарп, со која се венчал во 2003-та година, а од таа љубов го добиле синот Џек и ќерката Софи.

Најнови вести