вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски: Mакедонската држава со сите природни бoгатства што ги има и интелектуален капацитет може сама да опстане, Груевски тоа го покажа

Јовановски: Mакедонската држава со сите природни бoгатства што ги има и интелектуален капацитет може сама да опстане, Груевски тоа го покажа

Поранешниот премиер Никола Груевски ја смени комплетната свест на Македонецот која му беше наметната и докажа дека Македонците со сето природно и интелектуално богатство може самостојно да опстанат, истакна пратеникот Крсто Јовановски во емисијата „Sид” на Алфа Телевизија.

-Дојде Груевски на власт во Македонија и ја смени комплетната свест условно на Македонецот. Наназад 4-5 години ние сме во константна некоја криза создадена од овие луѓе како од овде така и од надвор. За да се смени комплетно сликата дека Македонецот или македонската држава со сите природни бигатства што ги има и интелектуален капацитет може сама да опстане. Груевски тоа го покажа. И со намалување на невработеност и со капацитет и таканатаму и со константен раст на БДП и со покачување на пензии и така натаму, рече Јовановски.

На ова, Јовановски се надоврза дека овие мерки кои ги спроведе Никола Груевски ги нема бидејќи новата влада потпомогната со многу пари и пијар ја доведе државата во ситуација народот да мрази се што е добро.

Јовановски  потенцираше дека новата Влада им вети укинување на Радиодифузната такса која чинеше 190 денари, меѓутоа од друга страна ја спроведува Тиранската Платформа, потпиша договор со Бугарија и сега ќе го менува идентитетот на државата.

– Народот кај нас се уште не е свесен на економски план уште што се ќе се случи. За 190 денари ни се случува сега Бугарски договор, Тиранска Платформа и продавање на името. За 190 денари, нагласи Јовановски.

Најнови вести