сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТНТ: Фијат Цановски никогаш не ќе можел да го впише Космос во Катастар

ТНТ: Фијат Цановски никогаш не ќе можел да го впише Космос во Катастар

Во Кривичен суд денеска со сослушување на вешти лица, продолжи јавната расправа за случајот на СЈО, “Т.Н.Т” за случајот со Космос.

Техничкиот советник од областа на геодезијата, Роска Паческа, тврди дека дури и да бил изграден „Космос”, истиот никогаш не ќе можел да биде упишан во Катастар.

Поради градежниот елаборат, во кој јасно се гледа дека објектот бил повисок за 1.43 метри од приземната плоча, со што имало одбегнување од основниот проект, истиот би бил одбиен од Катастарот.

Се поставува прашањето како инвеститорот “ФИНЕ” планирал да ги продава деловните и станбените простори без упис во Катастар и без имотни листови.

Најнови вести