четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците организира јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор.

Законодавно – правната комисија пак ќе ја одржи 144. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи во второ читање, измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во прво читање и Предлог националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019-2021 година.

По оваа седница Комисијата треба да ја продолжи 130. седница на која преостаната точка е Предлог законот за практиканство во второ читање.

Најнови вести