недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски државјани, борци на ИСИС денеска во скопскиот суд ја признаа вината

Македонски државјани, борци на ИСИС денеска во скопскиот суд ја признаа вината

Седумтемина македонски државјани обвинети за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето и за кривично дело Терористичка организација, денеска на главната расправа при произнесување за вина во Основниот суд Скопје 1 Скопје, ги признаа делата што им се ставаат на товар, соопшти Судот.

Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, обвинетите биле лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднел обвинение против седум лица.

Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот кој се терети за две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“, се вели во соопштението од Судот.

Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија.

Најнови вести