понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на Шабан Шаулиќ не може да се помири со смртта на сопругот, 30 дена нема излезено од дома

Сопругата на Шабан Шаулиќ не може да се помири со смртта на сопругот, 30 дена нема излезено од дома

Гордана Шаулиќ, сопругата на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ одбива да го напушти нивниот семеен дом на Дедиње, иако нејзините деца веќе неколку пати имаат предложено на кратко да замине од Белград како би се одморила и собрала сила, пренесува српски „Пинк.рс“.

Гоца е многу лошо, воопшто не излегува од дома, а ја посетуваат ќерките и некои блиски пријатели. Често доаѓаат кумовите Зорица Брунцлиќ и нејзиниот сопруг Ќемиш со кого умее да седи и зборува по цели ноќи. Ретко спие, слабо јаде. Сите и предлагаат малку да оди од Белград, но таа тоа го одбива и како да чека Шабан да се појави секој час, вели извор близок до семејството.

Таа се очекува да излезе од дома кон крајот на март кога на пејачот ќе му се навршат 40 дена од смртта.

Најнови вести