недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шоканти детали од братот на Кевин Спејси: Татко ни беше нацист, тој нè тепаше и силуваше до бесвест

Шоканти детали од братот на Кевин Спејси: Татко ни беше нацист, тој нè тепаше и силуваше до бесвест

Постариот брат на Кевин Спејси, Рендал Фовлер, вели дека педофилскиот скандал во кој е вмешан неговиот брат воопшто не го изненадува, имајќи го предвид мрачното минато кое го има неговото семесјтво. Фовлер заедно со неговиот агентБони Сото во моментов пишуваат книга за злоставување на деца.

Агентот за британски „Сан“ рекол дека откако Спејси станал познат го истерал братот од неговиот живот.

-Не бевме изненадени ни кога откри дека е хомосексуалец, со оглед дека долго ја криеше својата секлуалност, вели Сото.

Братот на Спејси, пак, кој е возач на лимузини, во книгата пишува за хоророт низ кој како деца наводно поминале тој, Кевин и нивната најстара сестра.

Според Фовлер, кој пред десетина години веќе зборуваше за проблемите во семејството, нивниот татко Томас Џофри Фовлер бил ултрадесничарски первезен член на американската нацистичка партија, кој си цртал мустаќи за да личи на Хитлер. Тој тврди дека неговиот татко редовно го тепал и силувал, а нивната сестра избегала на 18 години, токму поради малтретирањето.

Фовлер, исто така, тврди дека нивната мајка знаела што се случува во куќата, каде сексуалното злоставување започнало во 1968, годината кога им рекол да се качат во „господаревата куќа“ за да ги научи за „птиците и пчелите“.

-Почна да ми ги откопчува фармерките, а јас вриштев од ужас. Мајка ми лупаше на вратата до изнамоштеност. Не можеше да влезе, бидејќи беше заклучено. Имав само 12 години, а татко ми ме силуваше. Пораснавме во пекол. Мајка ни после ни испрати писмо во кое се обиде да се оправда, велејќи дека и таа и татко ми во младоста биле злоставувани, вели Рендал.

Портпаролот на Кевин Спејси тогаш изјавуваше дека наводите на Рендал се сериозни, но дека Кевин не доживеал злоставување какво што опишува неговиот брат и дека може само да сочувствува со него.

Според Рендал, пак, Кевин ги има потиснато овие сеќавања.

-Затворен е во емотивен балон, објасни тогаш Рендал.

Рендал имал три брака, но не сакал да има деца зошто мислел дека генот на сексуален предатор е наследен. Татко им починал во 1992 година, а мајката им рекла дека не мораат да одат на погребот.

Најнови вести