Водителката Деа Ѓурѓрвиќ утрово од Воената медицинска академија беше префрлена во Клиничкиот болнички центар на оделението за ортопедија.
Како што пишува „Блиц“ водителката била видно расположена и насмеана.
Таа со медицинско возило и во придружба на медицински лица, како и нејзината мајка и вереник таа била префрлерна на Институтот за ортопедска хирургија и трауматологија на Клиничкиот центар.
Со насмевка на лицето Деа беше донесена во Институтот, а мајка и била веднаш зад нејзе. Храбрата водителка цело време беше расположена, а со насмевката потврди дека е добра.
Водителката цел месец и пол беѓе сместена на оделот за интензивна нега на Воената медицинка академија, а утрово во возило на Брзата помош беше префрлена на оделот на кој се наоѓа доктор Марко Бумбаширевиќ кој што и ја спаси раката на познатата водителка.