Пејачката Џесика Палашоска одново ги израдува фановите со нови фотографии.
Тесните хеланки предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи, а мора да се признае дека одлично и стојат.
-Се чувствувам посилно кога ги носам овие комотни хеланки, напиша пејачката под една од фотографиите.
Палашоска инаку важи за една од естрадните ѕвезди која располага со одлична фигура и секогаш привлечен изглед, а ова е уште еден доказ за тоа.