недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грчката црква не дозволува литургии на Македонски јазик

Грчката црква не дозволува литургии на Македонски јазик

Грчкиот Синод не дозволува литургии на македонски јазик за Македонците од Северна Грција.

Преку писмо испратено вчера до екуменскиот патријарх Вартоломеј, реагираат да го отфрли барањето на како што наведуваат „самопрогласените Македонци“ во грчките цркви да се богослужи на македонски јазик.

Тамошните медиуми наголемо пишуваат дека Грчкиот Синод по писмото кое го доставила партијата која ги застапува Македонците во Грција „Виножито“, свикале итен состанок и веднаш реагирале кај највисоките црковни инстанци.

По неколкуте точки на итниот собир на Грчкиот Синод, меѓу приоритетните точки за одлучување на маса било ставено и ова барање.

Посочувајќи ги сите историски факти во однос на преименувањето на македонските села, на прогоните, на насилната промена на личните имиња, на уривањето на македонските православни храмови, на уништувањето на натписите на кирилица, Македонците сега бараат конечно да ги добијат своите права.

-Сакаме да имаме црковна литургија на нашиот мајчин современ македонски јазик, дури и во недела во регионите на Грција каде што живееме македонските православни христијани, национални македонски грчки граѓани. По ратификацијата на Преспанскиот договор меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, ние веруваме дека дојде време да се стави крај на неправдата на нас родното македонско малцинство македонски православни христијански етнички Македонци на територијата на Грција. Ве замолуваме наши верски Пастири да придонесат со разбирање на нашите религиозни права како малцинство да пеат и да слушаат молитви на нашиот јазик и да ги крштаваат нашите деца со нашите традиционални имиња, стои во писмото од Виножито.

Од Виножито претходно побараа и од грчките универзитети да се промовира и изучувањето на македонскиот јазик, бидејќи со Преспанскиот договор, Грција се обврза дека го признава македонскиот јазик и нација.

Најнови вести