Во моментов ВМРО-ДПМНЕ одржува митинг во Демир Хисар.
Екипата на КУРИР која е на терен забележа лице кое од зградата на општината тајно снима.
Ова лице ги снима сите присутни на протестот, но и претставниците на медиумите, односно новинарите и снимателите.
Не е познато дали ова лице е вработено во општината, но мора да се дознае кој го пратил да ги снима граѓаните и новинарите и која е целта на овие снимки!