Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, изразува најдлабоко сочувство за големата загуба, во телеграма со сочувство која ја испрати до семејството на Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена мртва.
-Билјана Беличанец беше член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, жена градоначалник, беспрекорен работник, полна со љубов и разбирање. Но пред се беше, брилијантен актер, мајка и сопруга. Ќе ни недостасуваш Билјана. Почивај во мир. Сочувство до семејството, се наведува во телеграмата.