Водителката Деа Ѓурѓевиќ првпат се појави на телевизија откако доживеа несреќа, кога автобус ѝ ја откина раката.
Таа прво се лекуваше во Воено-медицинската академија, од која неодамна е префрлена во Клиничкиот центар на Србија.
-Се чувствувам совршено, сега сум целосно на сигурно. Ова е мојата куќа, најдобро се чувствувам. Имав многу повреди и контузија на срцето и белите дробови и двојна скршеница на карлицата… Раката ми беше откината, благодарение на докторот Марко Бомбаширевиќ ја имам раката, тој е главниот херој, навистина беше одговорен за сето тоа. И понатаму ја чуваме и закрепнуваме заедно, рекла Деа и испратила моќна порака до сите:
„Многу е важно луѓето да обратат внимание на сообраќајот и да не гледаат на телефон по улица. Ајде ова повеќе да не се случи. Ајде да не се доведеме до вакво нешто“.