Топ моделот Емили Ратајковски носеше сатенски жолт фустан на свадбата на дизајнерот Марк Џејкобс во Њујорк.
27-годишната убавица изгледаше сензационално во сатенскиот фустан во силна жолта нијанса, со миди должина, нагласено деколте и отворен грб. Деталот – марама околу вратот како дел од фустанот додава шик ефект.
Ратајковски жолтиот фустан го комбинираше со сандали со висока потпетица во трендовска златна нијанса.
Изгледот е заокружен со мала златна чантичка, златни кружни обетки и нагласени очи и усна со шминка во нијанса на зрела праска.