среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повредените кај Ласкарци ослободени од плаќање партиципација за здравствени услуги

Повредените кај Ласкарци ослободени од плаќање партиципација за здравствени услуги

Владата на денешната седница донесе одлука со која повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци ги ослободи од плаќање партиципација за здравствени услуги.

„На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за ослободување од обврската за плаќање на учество (партиципација) при користење на здравствените услуги од страна на повредените патници во сообраќајната несреќа која се случи на 13.02.2019 година на патот Скопје -Тетово, кај селото Ласкарци, во знак на солидарност и сочувство со фамилиите на починатите и повредените“, информираат од Владата.

Од катастрофалната несреќа која се случи на 13 февруари годинава кога автобус излета од автопатот Скопје-Тетово, имаше вкупно 16 жртви, а над 30 беа повредени.

Најнови вести