Озборувањето на луѓето и ширењето гласини не носи ништо добро, а ѝ наштетува на личноста која ги кажува тие работи. Без оглед на тоа дали кажувате негативни работи за некој или само слушате, вие сте дел од тие бесмислени и расипани приказни.
Озборувањата се насекаде околу нас. Понекогаш и несвесно ги шириме, а понекогаш и несвесно шират муабети за нас. Социјалниот психолог Лорен Бег вели: „Околу 60% од разговорите помеѓу возрасните луѓе се вртат околу случки кои воопшто не се случиле. Поголемиот дел од нас носат заклучоци на основа на претпоставки.“
Жално е тоа што луѓето кои озборуваат не се чувствуваат виновни и не се каат поради тоа. Тие и не сфаќаат дека грешат и едноставно уживаат во несреќата на другите.
Ако не сакате да слушате озборувања за други луѓе, тоа можете да го спречите со едноставно прашање упатено кон личноста која сака да ви каже некакво озборување:
„Зошто ми го кажуваш тоа?“
Откако ќе го чуе ова прашање, вашиот соговорник ќе сфати дека оваа тема не ве интересира. Личноста која озборува ќе се изненади од вашето директно прашање и ќе сфати дека едноставно не сакате да зборувате некому зад грб.