вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Службен весник и Правниот факултет „Јустинијан Први“ потпишаа меморандум за соработка

Службен весник и Правниот факултет „Јустинијан Први“ потпишаа меморандум за соработка

Директорот на ЈП Службен весник на РМ Мартин Костовски и Деканот на правниот факултет „Јустинијан Први“ Горан Коевски потпишаа меморандум за соработка  во рамките на Правната клиника за ранливи групи.

Службен весник на РМ, како што информираат во соопштението, со обезбедување на бесплатен пристап до електронската база на прописите од севкупното законодавство во Македонија, сака да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на институцијата за обезбедување практична настава и да даде поддршка во остварувањето на правата на граѓаните на кои таа им е потребна.

– Електронската база на прописи на ЈП Службен весник на РМ е извонредна алатка за безбедно правно работење и брзо изнаоѓање на прописите. Оттука, оваа база треба да им помогне на студентите при подготвување бесплатни совети, изјави Костовски.

Во е-базата на прописите во РМ се сместени над 30.000 прописи од 1944 година до денес, и во неа со секоја измена на закон се изработува нов редакциски пречистен текст.

Меморандумот, како што информираат, покрај соработката со Правната клиника ќе овозможи зајакнување и интензивирање на комуникацијата помеѓу двете институции во врска со издавачката дејност, во доменот на стручната литература, како и усовршување на кадри од областите во кои двете институции имаат кадровски и други потенцијали и интереси.

Најнови вести