Иако јавноста постојано е во тек со сето она што им се случува на познатите, јавни личности, се чини дека и по 40 години од кариерата медиумите не успеале да откријат нешто повеќе за приватниот живот на Бора Чорба.
Таков е примерот со неговата сестра, познатата етно пејачка етно пејачката Биља Крстиќ, која многумина ќе ја препознаат по дуетот со Тоше. Тие заедно ја испеаа старата македонска песна „Јовано, Јованке“.
Но, се чини дека Бора одлично го крие својот приватен живот и ретко кој знае дека тој не е единствениот пејач во семејството.
Инаку Биља Крстиќ ја обелодени пред јавноста долго чуваната тајна, во 2004 година на промоцијата на албумот на Чорба „Овде“, на кој гостува во песна „Мобилни“.
-Да ви откријам една тајна, можеби не знаете, јас и Бора сме роднини. Ние сме брат и сестра. Па покрај тоа и по таа линија навивам и по онаа другарската, рекла тогаш Крстиќ.
Бора и Биља соработуваат од 1975 година кога и двајцата биле членови на легендарната акустична група „Сунцокрет“. Најпознат хит на Биља Крстиќ е песната „Пуче Пушка“, од познатиот филм Зона Замфирова.
Биља Крстиќ е родена во Ниш. Таа долги години е на сцената, а својата кариера ја започнала со групите „Сунцокрет„ и „Рани Мраз„ за подоцна да се пренасочи за етно музика.
Биља е позната е по голем број отпеани македонски песни.