петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Агатангел до Реџепи: Ти си црн ангел на поделбите и рак-рана на општеството

Агатангел до Реџепи: Ти си црн ангел на поделбите и рак-рана на општеството

Владиката Агатангел со текстот насловен „Омразата на поглаварот“, објавен на Фејсбук страната на Повардарската епархија, реагираше на изјавите на Поглаватарот на Исламската верска Заедница, Сулејман Реџепи, дека Македонците се див народ без идентитет, која покрена лавина коментари во македонската јавност.

Агатангел вели дека Реџепи не наликува на верник, кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет, туку вели дека е плиток човек кој прави поделби.

– Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од „дивите“ по душа, од кое пак подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна по живот., пишува Агатангел.

Додава и дека изјавата не е навреда само за Христијаните, туку и на Муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани.

– И тие ли диви и без идентитет? За жал, македонското општество, кое се стремиме да го изградиме како мултикултурно, со децении толерира вакви полулуѓе, чии дела и постапки сведочат за основната невоспитаност на овие недоветни провокатори, чија нечовечност во однесувањето е многу далеку над границите на пристојноста. Затоа, доколку сакаме да бидеме нормално општество, мораме час поскоро да ги пресретнеме ваквите одвратни однесувања, а мораме и да создадеме делотворен механизам за превенција, како воопшто не би дошло до нивна несакана појава. Господин Сулејман е рак – рана на општеството и затоа соодветно, како што и му доликува, треба да биде препознаен и третиран како заразено ткиво кое се заканува да го оболи целото тело, пишува Агатангел во текстот.

Завршува дека Сулејман Реџепи е тргнат на патот на омразата, а таа одвратна и примитивна нарав, најпрво беспомошно го разјадува човекот однатре, а потоа и духовно ги уништува и оние кои се напиваат од нејзините отровни и горчливи сокови.

Инаку, оваа и многу други бурни реакции доаѓаат по изјавата на Реџепи дека Македонците се див народ и затоа немаат идентитет.

– Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат, беше изјавата на Реџепи.

Контроверзната изјава ја даде за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија на 14. март.

Тој во својот говор зборуваше за минатото на оваа џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тоа време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.

Видеото го објави пред неколку денови.

Најнови вести